КУРСНА ЛИСТА- НБРМ 29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК | | Вал. | Куп. | Сред. | Прод. | | EUR | 61.1058 | 61.4129 | 61.7200 | | CHF | 40.4567 | 40.6600 | 40.8633 | | GBP | 63.9249 | 64.2462 | 64.5674 | | USD | 43.4206 | 43.6388 | 43.8570 |
|
|
ОЕЦД: Невработеноста во светот ќе порасне |
|
Вторник, 23 Декември 2008 |
|
Според Ангел Гуриа, раководителот на ОЕЦД, се предвидува невработеноста во светот да се зголеми и да опфати 25 милиони луѓе. Овие предвидувања се базираат и на тврдењата на британски експерти кои проценуваат дека невработеноста само во Британија ќе се зголеми за уште еден милион луѓе до крајот на следните 12 месеци и да достигне три милиони на крајот од следната година. Гуриа смета дека на „брутален начин“ ќе биде погоден градежниот сектор, секаде по Европа. Според ваквите прогнози, Шпанија и Ирска ќе бидат повеќе погодени од другите во ЕУ. Ангел Гуриа бара од богатите европски економии да потрошат повеќе пари за стимулативни мерки за домашните економии, сугерирајќи дополнителни решенија на владите за заживување на стопанствата, како што се фискалните стимуланси и намалувањето на каматите. ОЕЦД остро им замерува на регулаторните комисии и на супервизиите во европските земји и во големите банки, нарекувајќи го како „скандалозно“ нивното нереагирање на пропустите во банкарското и финансиското работење што доведе до сегашната глобална криза.
|
|
|
| MBI10 | 2.062,87 |  | -1,03 | | MBID | 2.193,08 |  | +0,19 | | Crobex | 1.758,57 |  | 0,00 | | Sasx-10 | 1.204,10 |  | +1,07 | | Birs | 1.000,22 |  | +0,63 | | Nex20 | 8.828,64 |  | +0,84 | | Moste | 390,32 |  | +0,21 | | Belex15 | 538,42 |  | +2,04 | | SBI20 | 3.566,12 |  | 0,00 |
| | |
|