КУРСНА ЛИСТА- НБРМ 29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК | | Вал. | Куп. | Сред. | Прод. | | EUR | 61.1058 | 61.4129 | 61.7200 | | CHF | 40.4567 | 40.6600 | 40.8633 | | GBP | 63.9249 | 64.2462 | 64.5674 | | USD | 43.4206 | 43.6388 | 43.8570 |
|
|
Bank of England: Згрешивме што не реагиравме на задолжувањето |
|
Понеделник, 22 Декември 2008 |
|
Заменик-гувернерот на Банката на Англија, Џон Гив денеска призна дека британската централна банка погрешила што не умеела да реагира на „лудоста во задолжувањето“ во земјата. Во интервју за Би-Бо-Си, Гив вели дека Банката не ја разбрала острината и тежината на таа појава во време на годините на успех и просперитет на домашната економија. - Го гледавме забрзаното зголемување на цените на становите и поскапувањето на куќите и другиот имот, што беше неодржливо, но и покрај тоа направивме лоша проценка за опасноста што се создава притоа за долготрајното опоравување на економијата, изјави Гив. Тој нагласи дека се потребни нови инструменти, што се наоѓаат меѓу каматите кои ја оптоваруваат економијата и мерките за надгледување, и регулирање во секоја банка. Признанието на вториот човек на британската централна банка е во спротивност со филозофијата на мерките за спас на домашната економија и на политиката на премиерот Гордон Браун, кој инсистира на тоа дека со натамошното задолжување и трошење ќе може да го покрене британското стопанство кое бележи голем пад оваа година и кое е на работ од рецесија, што ќе продолжи и следната година.
|
|
|
| MBI10 | 2.062,87 |  | -1,03 | | MBID | 2.193,08 |  | +0,19 | | Crobex | 1.758,57 |  | 0,00 | | Sasx-10 | 1.204,10 |  | +1,07 | | Birs | 1.000,22 |  | +0,63 | | Nex20 | 8.828,64 |  | +0,84 | | Moste | 390,32 |  | +0,21 | | Belex15 | 538,42 |  | +2,04 | | SBI20 | 3.566,12 |  | 0,00 |
| | |
|